Погледнете како секој знак реагира и како го покажува гневот, како се лутат и дали простуваат.
Овен
Овните лесно се лутат и стануваат агресивни. Секој Овен е свесен дека мошне би му помогнало ако научи да го контролира гневот. Ако имате намера да се впуштите во романса со нив, бидете сигурни дека знаете да ги застапувате сопствените интереси. Освен тоа, ќе мора да се потрудите да бидете интересни, затоа што здодевноста ја лекуваат со кавга.
Бик
Потајно копнеат за сигурност. Тие се големи хедонисти. Чувството на несигурност ги прави колекционери на пари и на материјални нешта. За среќа, мошне се чувствителни, па може да откријат дека сигурноста произлегува од нивното верба во себе си, а не од материјалните добра.
Близнаци
Близнаците се прикриени шизофреници. Имаат подвоена личност, никогаш нема да бидете во целост сигурни со кој од двајцата во нив го поминувате времето. Освен тоа, сами себе си се „проблем“ затоа што никогаш не знаат како и што да изберет. Секоја пресвртница на нивниот пат ги збунува.
Рак
Раковите се големи плачковци. Овој воден знак се занимава само со исполнување на своите емотивни потреби, што е и причина за нивната голема несигурност. Освен што се плачковци, знаат да се однесуваат и како пијавици кон партнерот, постојано бараат да ги уверува во нивната вредност. Затоа телефонот ѕвони почесто отколку што посакувате. За да го избегнете тоа, пуштете ги тие да се грижат за вас или купете им милениче.
Лав
Нивните лаги се „бели лаги“, а приказните што ги раскажуваат треба да ги прифатите со доза резерва. Лавот сака да ги преувеличува и да го менува редоследот на настаните, за нештата да се чинат гламурозни и возбудливи. Освен тоа, сакаат да се фалат, а тоа е особина над која немаат контрола. Затоа „погалете“ го нивното его и препуштете се на уживањето, затоа што со нив никогаш не е здодевно.
Девица
Девицата никогаш не е задоволна. Припадниците на овој знак сметаат дека ништо никогаш не е доволно добра. Тежнеењето кон перфекционизмот неможат да го ублажат. Освен перфекционизмот, маана им е и тоа што ја анализираат секоја, па и најмалата ситница. Затоа нивните критики не ги земајте здраво за готово.
Вага
Вагата секогаш изгледа како да не може да дочека да ви стане љубовник, а тоа може да биде привлено за другата страна. Причината за нивното однесување е тоа што сакаат да бидат во врска, но истовремено имаат проблем со врзувањето. Што е уште полошо никогаш нема да бидете сигурни дека нешто не е во ред бидејќи овие родени дипломати се смеат и кога одвнатре вријат. Вагите се пасивни агресивци што истовремено пленат со шармот и со убавината.
Скорпија
Тајната на Скорпијата е во тоа што имаат голем број тајни што нема да ги откриете. Тие ја обожаваат својата приватност. Но, колку повеќе се отворите, Скорпијата ќе се чуватвува посигурно и сам ќе почне да се отвара.Не се обидувајте да се плеткате во нивните работи за да откриете кои им се намерите и какви планови имаат. Скорпиите се изразени љубоморни, тешко го поднесуваат флертот на партнерот и не го забораваат, а неверството никогаш не го простуваат, туку раскинуваат веднаш штом дознаат.
Стрелец
Стрелците не кријат ништо за себе си. Тие се отворени книги и целосно изкрени. Понекогаш поради тие карактеристики може да изгледаат како да се бесчувствителни. Кога нешто не им се допаќа, често ја забиваат главата во песок и така се штитат. Често се однесуваат како себични и неодговорни битија.
Јарец
Јарците понекогаш ги доживуваме како личности со ледено срце, но потајно мошне ги загрижува тоа што ние мислиме за нив. За да ги остварат сопствените желби, подготвени се напорно да работат и ретко ќе дозволат да дознаете на кој начин успеале да остварат се што наумиле. Ретко се забавуваат, затоа што тоа се сериозни личности.
Водолија
Го сакаат човештвото, но не ги сакаат „луѓето“. Помалку се снобови, но тоа го кријат, се однесуваат само онака како што тие замислиле дека треба. Од навика велат „не“ и не очекувајте дека ќе бидат среќни ако се обидете да ги заробите. Со нив владее Уран, што ги прави родени бунтовници. Доколку започнувате љубовна врска со Водолијата, треба да знаете дека тие функционираат само по нивни, а не по туѓи правила.
Риби
Често се случува Рибите да не успеат да постигнат хармонија меѓу духовното и физичкото. Повеќе од другите претставници на Зодијакот, тие се склони на бегство. Исто така, често се случува да бидат зависни од храна, книги, телевизија, дрога, секс… Тие се изразено чувствителни личности, склони кон уметност. Верноста кон партнерот им паѓа тешко, а бараат безусловна верност – иако и тие се неверни кога за тоа ќе им се укаже прилика. Сопствените грешки со леснотија си ги простуваат.