На ГП Табановце се чека околу 30 минути

Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Што се однесува до гужвите на граничните премини, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.