На граничниот премин Дојран се чека од половина до еден час

дојран

Поради штрајкот на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони сеуште е затворен за сообраќај, а на останатите гранични премини нема задржувања подолги од половина час за влез и излез од државата.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека поради врнежите од дожд сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по влажни коловози, а врнежи од слаб снег има само на Попова Шапка, но засега тие не предизвикуваат проблеми во сообраќајот.