На граничните премини денеска се можни задржувања од околу 20 минути за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија.
Според информациите на АМСМ, интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е зголемен. На сите државни патишта сообраќајот се одвива без забрани по претежно суви коловози.
Скопската обиколница, која беше оштетена од невремето, е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени и каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.