На хаџот во Саудиска Арабија обредот на каменување со силни безбедносни мерки

Два милиона муслимански верници во Саудсика Арабија во петоко со силни безбедносни мерки му пристапија на обредот на каменување на сотоната во Мина кој пред две годни трагично заврши.

Речиси два милиона муслимански верници тргнаа на гората Арафат во близина на Мека во Саудиска Арабија, за да ја одбележат кулминацијата на годишниов аџилак.

Овој обред во кој секој верник фрла седум камечиња на едн од трите камени столба кои го симболизираат сотоната, повеќепати во историјата знаел да заврши со згинување на аџиите. Во петокот утрото обредот започна со силно обезбедувње, со полициски кордони кои ги регулираат протокот на луѓето, а цело време се снима со камери а местото го надлетуваат хеликоптери.

Мноштвото аџии тргнаа кон светата гора Арафат која се нарекува уште и Џеба ал-Рама или Гора на милосрдието, ридот на кој пророкот Мухамед пред повеќе од четиринаесет векови ја одржал својата последна проповед.

Саудиските власти оваа година ги засилија безбедносните мерки на светите места во текот на сите пет дена од аџилакот, за да се спречи можност од стампедо како она од 2015 година коешто резултираше со голема трагедија. Досега според извештаите хаџот годинава се одвива без проблеми, изјави портпаролот на саудиското министерство за внатрешни работи Мансуф ал-Турки.

Аџиите облечени во бело тргнаа во мугрите од долината Мина, каде што во хаџот започна со молитва и молк, кон седум километри оддалечениот Арафат. Од пладне верниците учествуваат во заедничката молитва во џамијата Намера, подигната на местото каде што Мухамед се молел одејќи на аџилак, а остатокот од денот ќе го минат во молитва. Со заоѓањето на сонцето, аџиите ќе тргнат кон долината Муздалифаху, неколку километри подалеку, каде што ќе ја минат ноќта. Потоа се враќаат во Мина, каде што ќе жртвуваат животно во спомен на жртвата на прататкото Ирбахим (Авраам). Овој обред и го означува почетокот на големиот празник Курбан бајрам.

Празникот Курбан-бајрам е востановен во сеќавање за тоа како пророкот Ибрахим бил подготвен по заповед на Бога да му го принесе на жртва својот сакан син Исмаил. За таа покорноста и богобојажливост, Ибрахим е послан да жртвува овен, а синот да ја одбегне оваа судбина.

Преостанатите два дена од хаџот верниците ќе останат во Мина каде ќе го каменуваат црниот камен блок, симбол на сотоната (шејтанот) кај Џамарат, со што ја покажуваат својата подготвеност да се откажат од злото. Тоа е последниот и во историјата најпогубниот обред од аџилакот, во текот на кој во минатото во стампедата животите ги загубија илјадници луѓе.

Во годинешниот хаџ, според официјалните саудиски податоци, учествуваат околу 1,8 милиони муслимани. Околу 1,3 милиони муслимански верници пристигнуваат од 164 земји од светот, а другото се домашни аџии.

Празникот Ид ал-Адха (Курбан-бајрим) го означува завршувањето на големиот аџилак – хаџот на светите места на исламот во Саудиска Арабија. Овој празник е непосредно поврзан со кулминацијата со обредот на хаџот – каменување на шејтанот (ѓаволот – рами ал-џамарат), кое го вршат аџиите на светите места во Мека и Медина.

Обредот го олицетворува преданието според коешто шејтанот му го попречил патот на Ибрахим (Аврам) кога тој се упатил на молитва. Ритуалот се одвива во областа на мостот Џамра во долината Мина, околу 25 километри од Мека, каде што се случи денешната трагедија. Благочестивите верници фрлаат по седум камења кон карпата којашто го симболизира ѓаволот.

По извршувањето на ритуалот, аџиите жртвуваат животно, при што тоа мора да го стори секој муслиман кој учествува во хаџот.

Хронологија на најголемите трагедии

Стампедото коешто во 2015 година се случи во долината Мина, се случило токму за време на обредот на каменувањето на ѓаволот, и тоа во делот на патеката одредена за домашните саудиски аџии. Владата на Саудиска Арабија, инаку вложи повеќе милиони долари во модернизацијата и обезбедувањето на обредното место и мостот Џамра.

Според официјалните податоци на владата во Ријад загинале 769 лица, додека според податоците на странските влади, во стампедото кое се создаде во текот на ритуалот на каменувањето на сотоната загинале 2.287 луѓе што предизвика големи меѓународни критики, а некои извори од шиитски Иран, кој имаше најмногу жртви, дури споменуваат и бројка од околу 4.700 жртви.

Ритуалите на хаџот се вршат колективно и во строго утврдени денови. Поради тоа, на многу ограничениот простор се слеваат големи маси аџии, што повеќепати во историјата предизвикувало стампеда и други инциденти со многу жртви и настрадани.

 

Хронологија

 

Во декември 1975 година избувна голем пожар во кампот на аџиите во близина на Мека при што загинаа 200 луѓе. Пожарот го предизвика експлозија на боца со гас, по што пожарот се прошири на шаторите.

 

На 20-ти ноември 1979 година неколку стотици вооружени лица, противници на саудиската власт, започнаа дводневна блокада на Големата џамија во Мека, земајќи притоа за заложници десетици аџии. Во нападот кој го извршија безбедносните сили заврши заложничката криза за 4-ти декември, и според официјалните податоци загинаа 153 луѓе, а 560 се ранети.

На 31-ви јули 1987 година саудиските сили ја задушија забранетата манифестација на иранските (шиитски) аџии. Убиени беа 402 лица, од кои 275 Иранци, според официјалните податоци на саудиските власти.

На 10-ти јули 1989 година во двоен напад врз приодите на Големата џамија во Мека, загина едно лице, а 16 беа ранети. Шеснаесет шиити од Кувајт беа обвинети дека го извршиле нападот и беа егзекутирани на 21-ри септември.

На 2-ри јули 1990 година во текот на хаџот дојде до стампедо во пешачкиот тунел кој ја поврзува Мека со долината Мина. Загинаа 1.426 аџии главно од Малезија, Индонезија, Пакистан и други земји. Причина била паника предизвикана од запирањето на системот за вентилација во тунелот.

На 23-ти мај 1994 година во стампедо на мостот Џамри загинаа 270 муслимански верници.

На 15-ти април 1997 година, во пожар во шаторскиот камп на аџиите во близина на Мека загина 343 луѓе, а околу 1.500 се здобија со изгореници. Изгореа повеќе од 70.000 шатори. Пожарот избувнал по експлозија на канистери со гас за домаќинство, а за ширењето на огнот придонесе силниот ветер. По овој инцидент, шаторите за верниците се прават од незапаливи материјали.

На 9-ти април 1998 година повторно во стампедо на мостот Џамри загинаа најмалку 118 верници, а повредени беа околу 180 други.

На 5-ти март 2001 година во уште едно стампедо на мостот Џамри животите ги загубија 35 луѓе, од кои 23 жени и 12 мажи. Овој податок не е уточнет подоцна, станува збор за првични информации.

На 11-ти февруари 2003 година 14 муслимански аџии, државјани на Индија, Пакистан, Египет, Иран и Јемен, загинаа во стампедо во долината Мина во текот на обредот на каменување на ѓаволот. Инцидентот се случи како судир на две колони аџии кои се движеа во спротивни насоки.

На 1-ви април 2004 година во масовното стампедо на патот кон мостот Џамра загина 241 луѓе, а уште 244 луѓе беа повредени.

На 5-ти јануари 2006 година во близина на џамијата ал-Харам во Мека се урна четирикатен хотел во кој беа сместени аџии од Египет, Алжир, Обединетите Арапски Емирати и други земји. Загинаа 76 а беа повредени уште 62 луѓе. Според очевидци, на уривањето му претходел пожар на првиот кат од објектот.

Една седмица подоцна, на 12-ти јануари 2006 година на мостот Џамра загинаа 364 аџии. Стампедото започнало кога луѓе почнале да се сопнуваат од багажите оставени од другите аџии. Со разни степени на повреди се здобија повеќе од 300 верници.

 

Точно две седмици пред последната трагедија на 12-ти септември 2015 година по падот на градежен кран врз најголемата џамија во Мека – Ал-Масџид ал-Харам, загинаа најмалку 111 луѓе, а повеќе до 230 беа повредени. Најголемиот дел од жртвите беа аџии, Според досегашните сознанија на истрагата, причина за падот на кранот кој притоа го проби покривот на џамијата и се урна директно врз повеќето стотици верници на ткн источна зона на храмот, биле силните ветрови и поројниот дожд.