4.8 C
Skopje
недела, декември 1, 2024

На Хамилтон никој не му верува дека ќе биде на пол позицијата во Саудиска Арабија

Денеска од 18 часот се возат квалификациите за трката за Големата награда на Саудиска Арабија, во Ријад. Иако по полноќ возачите и тимовите имаа четричасовен состанок, поради тоа што на само 30 километри од Ријад имаше бомбардирање, одлучено е овој викенд да се вози.

А квотите во Sport Life на седумкратниот светски првак, Луис Хамилтон му даваат уште помали шанси од Македонија против Португалија, па и Италија.

За Британецот да биде на пол-позиција има неверојатна квота од 25, додека далеку пред него се актуелниот првак, Макс Ферстапен кој има квота од точно 2, како и Шарл Леклерк за кого е 2.50.

Дури и вториот возач на Ферари, Карлос Сајнц има поголеми шанси барем според квотите (7.00) дастартува од лидерската позиција.