
Пред ноќен клуб на најпознатата хрватска плажа Зрче на јадранскиот остров Паг во средата рано утрото биле нападнати повеќе странски државјани од кои еден е убиен, а уште двајца други се сериозно повредени, а до рано попладнето полицијата привела повеќе лица поврзани со инцидентот, пренесуваат хрватските медиуми повикувајќи се на тамошното министерство за внатреши работи.
Според досегашните информации со кои располагаат медиумите, се истражува убиството на 26-годишен државјанин на Велика Британија, коешто се случило во раните утрински часови пред ноќен клуб на Зрче как местото Новаља. Се наведува дека околу 5,30 часто пред клубот биле нападнати повеќе странски државјани, од кои еден е успмртен а уште двајца се повредени.
Полцијата соопшти дека извршителот засега не е познат, како и дека уводот на местото на злосторството уште не завршено.
Според пишувањето на Jutarnji, надзорните камери го снимиле нападот во кој бил убиено момчето, а неофицијално се дознава дека полицијата дошла до снимките и благодарејќи на нив успеала да ги идентификува лицата инвовлирани во инцидентот. Исто така, неофицијално се дознава дека всушност станува збор за судир меѓу две британски банди, пишува весникот.