На инфективните одделенија се лекуваат 352 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 352 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти позитивни и суспектни на Covid19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти.  На инфективното одделение во Тетово има 22 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 49 пациенти позитивни и суспектни.

Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 31, во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 19 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани 2 во Кичево 8, Кавадарци 44, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Вкупната бројка пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјата е 608 и има околу 452 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.