На инфективните одделенија во земјата се лекуваат над илјада пациенти со Covid-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 622 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, а вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјавт е 1.068 и има околу 745 празни болнички кревети во ковид центрите.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти позитивни и суспектни на Covid-19, информираат од Министерството за здравство.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 62 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 25 пациенти, во Велес се лекуваат 73 болни, а во Куманово 77 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти, во Прилеп 51, во ковид центарот во Гостивар 17, а во Струга 18 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 63 пациенти, во Кочани 27 во Кичево 21, Кавадарци 32, а во Гевгелија 7 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.