
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ Македонија шријавено дека се лекуваат вкупно 359 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти во саботата Министерството за здравство од каде наведуваат дека треба да се има предвид оти бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти..
Според извештаите на болниците на дневно ниво, во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти позитивни и суспектни на Covid-19. Во болницата во Штип е хоспитализирани 39 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 52 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 20 во ковид центарот во Гостивар 20, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани 5 во Кичево 8, Кавадарци 13, во Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 611 и има околу 530 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.