На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 517 пациенти

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците во Македонија е пријавено дека се лекуваат вкупно 517 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 33 пациенти позитивни и суспектни на Covid19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 34 болни, а во Куманово 71 пациент позитивен и суспектен на Covid-19.

Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 84, во ковид-центарот во Гостивар 17, а во Струга 18 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 27 пациенти, во Кочани 6 во Кичево 11, Кавадарци 58, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 860 и има околу 370 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има  увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.