
Во последниве 24 часа на Инфективното одделение во Битола починаа тројца пациенти на возраст од 35, 55 и 73 години, од кои најмладиот побегнал од болницата па бил вратен во тешка состојна и подоцна починал.
Имено, починатите пациенти се од Битола и битолскиот регион, а со денешните тројца починати, вкупниот број на починати лица во Битола од почетокот на епидемијата изнесува 61 лице.
Синоќапочинатиот 35-годишен битолчанец претходно самоволно ја напуштил болницата и со свое возило си заминал дома, каде за да се одмори наводно се напил средства за смирување. Потоа не се будел, па семејството повикало Брза помош и бил вратен на болница каде се презеле сите мерки за да му се помогне, но пациентот починал.
Пациентот на 13-ти ноември се јавил во тријажна амбуланта, со симптоми на зголемена телесна температура и кашлица. Му била дадена терапија и дадена препорака за изолација и закажување тест преку матичен лекар. На 16-ти ноември повторно се јавил на преглед, дадена му е ампуларна тераппија, но поради прогресија на наодот, тешко дишење, температура, појава на бронхопневмонија бил хоспитализиран во ковид суспектни пациенти. На 17-ti ноември е земен брис и е добиен позитивен резултат на Covid-19.
„Доктор се јави во СВР Битола и пријави дека вчера лице позитивно на Covid-19 избегало од установата. Тоа било пронајдено од полициски службеници и била поивикана Итна медицинска помош за да се транспортира назад на болница“, велат од СВР Битола.
Денешниот број на хоспитализирани пациенти во регионалниот ковид центар во Битола е 76.
Според вчерашниот извештај на министерството за здравство во Битола вчера беа регистрирани нови 51 заразени со Covid-19. Бројот на оздравени пациенти беше 28, додека пак бројот на активни случаи се искачи на 738.