Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека 184 земји се приклучиле на COVAX, глобална иницијатива на организацијата за правична дистрибуција на залихи на идни вакцини против коронавирус, како во богатите така и во сиромашните земји.
„Фер дистрибуција на вакцини е најбрзиот начин да ги обезбедиме заедниците со висок ризик, да се стабилизираат здравствените системи и да се почне вистинско глобално економско закрепнување“ рече Тедрос на брифинг со новинарите во Женева.
Додаде дека Еквадор и Уругвај се последните кои се приклучија на иницијативата.