![vojnici](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/08/vojnici.jpg?resize=470%2C270&ssl=1)
Во судирот со проруските активисти на истокот на Украина во изминатве 24 часа загинаа 13 украински војници, соопшти украинската војска.
Украинските војници загинале додека се обидувале да ги освојат упориштата на проруските активисти на истокот на земјата, изјави портпаролот на украинската војска Андриј Лисенко, пренесува АФП.
Во судирот во Украина до сега загинаа повеќе од 1300 лица, а 285 илјади биле приморани да ги напуштат домовите, соопшти Црвен крст.