На Израел му се потребни неколку месеци да победи во Газа, вели Галант

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант рече во четвртокот пред американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан дека ќе бидат потребни неколку месеци за победа над радикалното исламистичко движење Хамас во палестинската енклава Појасот Газа.

Галант посочи дека Хамас повеќе од десет години ја градел „инфраструктурата под и над земјата“, како и дека уништувањето на движењето „бара извесно време“.

„Тоа ќе трае неколку месеци, но ќе победиме и ќе ги уништиме“, изјави Галант на средбата со американскиот функционер.

Двајцата, исто така, разговараа за враќањето на Израелците во нивните домови покрај границата со Либан коишто ги напуштија поради судирите со либанското шиитско движење Хезболах, соопшти кабинетот на Галант.

Израел во четвртокот продолжи со гранатирањата и бомбардирањата ширум Појасот Газа и покрај сѐ поинтензивните повици од меѓунарондата заедница за заштита на цивилите, како предупредувањата за ширењето на смртоносни болест меѓу бегалците и протераното население кое живее во крајно нехумани цивили, без храна, вода, лекови и медицинска помош.

Едно истражување на јавното мнение во Израел покажува дека тамошните граѓани не сакаат војската да ја прекине офанзивата за уништување на Хамас и покрај резолуцијата што ја донесе со огромно мнозинство Генералнот собрание на ОН, на пример, како и сѐ поголемиот број израелски воени жртви во Газа, само во последните 24 часа загинале десет израелски офицери и војници, како и големиот број цивилни палестински жртви.