На југот од Италија се продаваат куќи за 1 евро

Градските власти на италијанско гратче на Сицилија огласија продажба на стари камени куќи по симболична цена од едно евро, за да привлечат нови жители на живописното Сан Пјеро Пати, кое е опустено поради стареење на локалното население и децениската емиграција.

Кога ќе уплатат едно евро, новите сопственици ќе мора да ги обноват руинираните куќи користејќи само традиционални материјали за градба – камен, дрво и медитеранцски цреп, а на обновувањето ќе вработуваат колку што е можно повеќе локални занаетчии.

Гратчето подигнато на карпестиот брег од кој се пружа прекрасен поглед на околината излгеда е соврешено за мирен живот, а со автомобил е можно за 15-ина минути да се стаса до најблиската плажа на работ од националниот парк Неброди, заштитена зона од езеро и пошумени планини.

Градскиот совет на ова мало место познато и како „бисерот на Неброди“, едногласно ја излгасало одлуката за овој проект претходно седмицава.

Сан Пјеро Пати, сепак, не е идејниот автор на оваа замисла, бидејќи претходно таков проект започна уште еден град на Сицилија. Ганги уште во 2014 година побуди интерес во целиот свет кога започна да ги продава напуштените куќи за едно евро.

„Сево ова започна со примерот на градот Ганги, што беше голем успех – многу куќи се продадени“, вели Салваторе Фјоре, градоначалник на Сан Пјеро Пати во репоратажата на британскиот весник The Telegraph.