На Карибите запленети 1,25 тони кокаин од прва класа

Со заедничка акција на британската кралска морнарица и американската крајбрежна стража се запленети 1,25 тони кокаин од прва класа, кој е шверцуван во глисерио во меѓународните води јужно до Доминиканската Република.

Вредноста на запленетата дрога во САД, според официјалните податоци, повеќе од 37 милиони долари.

Уапсени се четири лица, кои заедно со запленетата дрога се предадени на американските власти.

Британскиот министер за одбрана, Филип Хамонд, истакна дека кралската морнарица уште еднаш ја одигра клучната улога во операциите против трговијата со дрога на Карибите.