На Кина во следните 20 години ќе и бидат потребни 98 илјади пилоти

На Кина во следните 20 години ќе и бидат потребни 98.000 нови пилоти и 101.000 авионски техничари, соопштија кинеските власти.

Во истиот период за целиот азиско-пацифички регион ќе бидат потребни 216.000 пилоти и 224.000 техничари.

До 2033 година овој регион ќе учествува со 39 отсто од вкупниот пилотски персонал во светот, што е повеќе од Северна Америка и Европа заедно.

„Азиско-пацифистичкиот регион доживуваа голема економска експанзија и ќе стане најголем пазар во авионскиот сообраќај“, изјави Боб Балито од компанијата Боинг.

Затоа на овој регион ќе им бидат потребни 13.460 нови авиони до 2033 година.