На Клиниката за детски болести нема да се хоспитализираат возрасни пациенти со коронавирус

Mинистерството за здравство ја информира јавноста дека возрасни ковид пациенти нема да се хоспитализираат на Клиниката за детски болести во Скопје.

„Единствени возрасни пациенти на Детска клиника се мајките на хоспитализираните деца со ковид, кои исто така се позитивни. Министерството за здравство апелира да не се создава непотребна паника, Клиниките каде со преадаптација се направени кови оддели физички се оделени и не постои никаков контак меѓу ковид пациенти и пациенти кои не се заразени со ковид, а се хосиптализирани на Клиниките поради други заболувања. Целокупниот систем е организиран и добро се менаџира, хоспиталните оддели,  одделите каде се врши дијагностика, лабораториски анализи се поделени на црвени и зелени зони за ковид пациенти и останати пацинети“, велат од Министерството за здравство.