На кого Геро му кажа „пак ни го начукаа“

По лидерската средба со комесарот Хан, чиј исход се очекуваше по повеќе часовни разговори, и обеледенувањето на постигнатиот договор да се оди на избори кои би се одржале во април, а дополнително да се разговара во Брисел за модалитетите и механизмите кои би обезбедиле доверба од сите страни за одржување на изборниот процес, било присутно разочарување кај соросовите новинари.

Запаметен ќе остане потегот на Бранко Героски кој веднаш по изјавата на Хан која лично ја следеше, новинари очевидци тврдат дека истелефонирал и првата реченица во разговорот му била „овие пак ни го начукаа“.

Од оваа реченица, која беше слушната од присутните новинари, може да се заклучи дека постигнатиот договор од разговорите со Хан не е по мерката на Героски како и соросовите новинарски пера за кои е познато дека се главните кретори на политичките потези на СДСМ и Зоран Заев.

Она што е непознато е кому беше упатена пораката на Героски,  но, тоа  што е совршено јасно и според по коментарите на социјалните мрежи и натписите кои следеа, е дека Героски е незадоволен од исходот и постигнатото решение, па веднаш почна да дели лекции на неговиот фејсбук профил дека грешките од минатото не требало да се повторуваат .