На концерт во Охрид приведени три лица за тепачка и за прашкаста материја

На 01.08.2024 во 23 часот, при контроли извршени на музички концерт на спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај Х.В.(21) од Охрид, пронајдоа и одзедоа опаковка со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

На истиот музички концерт на Спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид, приведени се Л.С.(20) и Л.Н.(18), двајцата од Скопје, кои го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која се вклучиле и други лица од Скопје. Против сите учесници во нарушувањето, ќе бидат поднесени соодветни пријави, стои во соопштението на МВР.