Алекс Салмонд (69) поранешниот премиер на Шкотска почина попладневно за време на ручекот на конференцијата што се одржува во хотелот Инекс Олгица во Охрид.
Се претпоставува дека причината за смртта била срцев удар.
Обидите на медицинската екипа на Брзата помош на Охрид за реанимација беа безуспешни.
Салмонд вчера имаше излагање на второто издание на Форумот за културна дипломатија во коорганизација на кабинетот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“ и Институтот за културна дипломатија од Берлин.
Салмонд, кој ја водеше Шкотската националистичка партија помеѓу 1990 и 2000, а потоа повторно меѓу 2004 и 2014, беше истакната фигура во националистичкото движење во земјата. Поранешниот пратеник, ја водеше земјата меѓу 2007 и 2014 година.
Во вториот мандат како премиер го одржа референдум за независност на Шкотска во 2014. Кампањата „Да Шкотска“ беше поразена и поради тоа тој поднесе оставка.
Салмонд поднесе оставка од Шкотската националистичка партија во 2018, а подоцна ја формираше Алба партијата за независност во 2021.