Челниците на Изршниот одбор на Конференцијата за иднината на Европската унија го оставија во понеделникот отворено прашањето дали може исходот од Конференцијата да води кон промена на темелните договори за ЕУ.
„Ние не прејудицираме ниедно решение, сѐ што велат граѓаните ние тоа ќе го разгледаме“, изјави поптреседателката на Комисијата за демократија и демографија, Дубравка Шуица во понеделникот на прес-конференцијата.
Копретседателите на Извршниот одбор на Конференцијата за иднината на Европа, пратеникот Ги Верховштад во името на Европскиот парламент, портигалската државна секретарка за прашања на ЕУ во име на претседателството на Советот на ЕУ, Ана Паула Закариаш и потпретседателката на Комисијата за демократија и демографија Дубравка Шуица, во понеделникот ја претставуја новата дигитална платформа на Конференцијата на која граѓаните можат да ги изнесуваат своите мислења и предлози.
Повеќејазичната дигитална платформа ќе им овозможи на граѓаните од целата Европска унија директно да придонесат за Конференцијата и да ги изнесат своите ставови за која и да е теме која ја сметаат за важна за иднината на Унијата.
По пропаднатиот устав на Европската унија, кој беше напуштен отккао беше отфрлен на референдумите во Франција и во Холандија, донесен беше Лисабонскиот договор кој стапи на сила во 2009 година и од тогаш постои голем отпор кон промените на договорот. Станува збор за многу компликувана постапка, која бара многу време и работа, а целиот вложен труд може да биде попусто доколку ратификувањето на договорениот текст закочи во кој и да е од парламенитете на 27-те земји членки, бидејќи за промена на договорот е потребна поддршка од сите земји членки. Поради тоа, мнозинското расположение во ЕУ е сите предизвици со кои се соочува Унијата треба да се решаваат во рамките на постојниот договор. Сепак, иние кои би сакале на ЕУ да ѝ дадат поголеми овластувања не се откажуваат, туку и натаму бараат промени кои според нив блокот ќе го направат поефикасен и подемократски.
Ниту во заедничката изјава на Советот, Парламентот и Комисијата, со којашто е дефиниран мандатот на Конференцијата за иднината на Европа, не се псоленуваат промените на договорот.
Според европратеникот Ги Верхофштад, еден од водечките европски федералисти, кој во Извршниот одбор го претствува Европскиот парламент, тоа што промеите на договорот не се споменуваат во Заедничката изјава значи дека тие се можни.
„Точно е дека тоа не се споменува, но тоа за Европскиот парламент е добро, бидејќи сѐ е можно, односно промените на договорот не се невозможни“, рече Верховштад.
Португалската државна секретакра Ана Паула Закариаш изјави дека сега приоритетеи се здравјето, работните места, социјалните прешањаа не промената на договорот.
Повеќејазичната дигитална платформа која е отворена во понеделникот е осмислена како основа на Конференцијата за иднина на Европа. Таа ќе овозможи на граѓаните да изнесат свои мислења, изложат во каква Европа сакаат да живеат и да помогнат во обликувањето на европската иднина. Платформата е достапна на сите 24 официјални јазици во ЕУ, а секој предлог и придоенс ќе бидат веднаш преведени на сите јазици.
Платформата ќе биде централна точка Конференција, место на коешто ќе се собираат и споделуваат сите продонесе кон Конференцијата, вклучително и децентрализираните настани, панелите на европските граѓани и пленарните конференции. Самата конференција за иднината на Европа би требало да биде официјално да биде покрената на Денот на Европа, на 9-ти мај.
„Со оваа платформа му даваме можност на секој граѓанин да придонесе во формирањето на иднината на Европа и размената на мислења со други луѓе ширум Европа. Приклучете се во дискусијата! Заедно можеме да ја градиме иднината на нашата Унија“, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.
„Сите кои сакаат да учествуваат во дискусиите на палтформата ќе мора да ги почитуваат праввилата и повелбата на Конференцијата за иднината на Европа. Модераторите внимателно ќе ги следат предлозите и ќе осигураат да нема говор на омраза и ширење на теориите на заговор“, изјави Верховштад.
Покрај платформата, граѓанските панели и пленарните седници, исто така, важи се и деловите на Конференцијата, додаде.