На Косово уапсени шест турски државјани поврзани со школите на Ѓулен

Косовската полиција соопшти во четвртокот дека уапсила шест турски државјани кои се поврзани со образовните институции кои ги финансира движењето на исламскиот клерик Фетула Ѓулен кого Турција го обвинува за неуспешниот обид за воен преврат од јули 2016 година и правењето „паралелна држава“ а Анкара бараше од сите балкански земји затворање на ваквите школи.

Рациите продолжуваат, објави полицијата во Приштина, но во соопштението не се појаснува зошто шестмината Турци се приведени, ниту што натаму ќе се случува со нив.

Нази Улус, директор на едно од училиштата, изјави за Reuters дека еден од уапсените турски државјани е Мустафа Ерем, а токј е директор на сите училишта на движењето на Ѓулен на Косово.

Турција ги притиска балканските земји да ги затворат приватните образовни институции коишто ги финансира мрежата на имамто Ѓулен кој од 1999 година живее во добровелн егзил во САД и ги отфрла обвинувањата од Анкара дека стои зад неуспешниот пуч и дека неговите приврзаници се инфлитрирале во државните институциии.

Косовските власти претходно објавија дека не планираат да ги затворат школите на Ѓулен.

Турција е голем финансиски покровител на сиромашното Косово, каде што над 90 отсто од населението е од исламска вероисповед. Турските компании управуваат со единствениот аеродром на косово и со електродиструбитивната мрежа, а градат и двете автопати во вредности две милијарди долари.

Движењето на Ѓулен во својот најуспешен период имаше свои школи во 160- земки, од Авганистан до САД. Анкара тоа движење го прогласи за терористичка организација која ја именува како FETO и од пред две години ги притиска своите сојузници да ги затворат институциите на Ѓулен. Во четвртокот телевизијата CNNTurk објави дека се приведени уште 70 активни воени офицери поради наводни врски со Ѓулен.