На ковчегот на Елизабета кралската круна опточена со драги камења

Британската Кралска државна круна на ковчегот со кралицата Елизабета Втора е моќен симбол на кралската имотност, величественост и сувереност.

Круната, положена на виолетово перниче, е украсена 2.686 дијаманти, 269 бисери, 17 сафири и 11 смарагди, кои светкаа додека ковчегот патуваше од Бакингемскиот дворец до салата во Вестминстер Хол каде што е положен на издигнат постамент. Ковчегот беше проследен од војници во темноцрвени свечени униформи.

Круната била нарачана за крунисувањето на кралот Џорџ Шести во 1937 година, таткото на Елизабета Втора, а самата таа ја носела на своето крунисување во 1953 година и е овековечена во славниот официјален портрет.

Ова круна, исто така, се носи во текот на годишната свеченоста со која се одбележува почетокот на работата на парламентот, а со другите скапоцени драги камења се чува во познатата Лондонска кула (Tower of London).

Другата кралска куна, наречена свети Едвард, е направена во 1661 година од чисто злато за крунисувањето на кралот Чарлс Втори. Се користи исклучително во моментот на крунисувањето, бидејќи е претешка за носење. Тешка е два килограма, двојно повеќе отколку Кралската државна круна.

Кралицата Елизабета Втора во една пригода се пошегувала дека дури и Кралската државна круна е претешка, како и дека доколку погледнете надоле „би можело да ви пукне вратот“. „За среќа, мојот татко и јас имавме така обликувани глави што кога еднаш ќе ја ставите таа не се помрднува“, изјави Елизабета Втора за BBC во 2018 година.

Имајќи ја предвид тежината, кралицата престанала да ја носи круната на почетокот од работата на парламентот кога наврши 90 години. Наместо тоа, круната на тој настан беше носена на перниче.

Главниот дијамант на предниот дел од круната се нарекува Кулинан Втори. Брусен е од најголемиот дијамант кога и да е пронајден во Јужноафриканската Република во 1905 година. Пронајдени е во рудникот „Premier Mine“ крај градот Кулинан во Јужна Африка. Имал 3.106 карати, односно 621 грам.

Кулинан е разграден на девет големи брусени дијаманти и на многу помали. Најголемиот брусен дијамант е наречен Големата ѕвезда на Африка (Кулинан Први) и има 530 карати или 106 грама. Се наоѓа на врвот на англискиот кралски жезол. Второто според големината парче, односно Кулинан Втори, се наоѓа на англиската Кралска државна круна. Двата предмета се чуваат во рамките на ангелските кралски ризници во Лондонската кула.

Од другите импресивни драги камења се и Црниот принцов рубин и Стјуардовиот сафир. Вториот има 104 карати и се верува дека потекнува од времето на кралот Чарлс Втори кој стапил на престолот во 1660 година.