Претседателите на Турција и Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин може да се сретнат на крајот на јули или во почетокот на август, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, пренесува МИА.
Има голема веројатност за средба на двајцата лидери кон крајот на овој месец или на почетокот на август, посочи Чавушоглу.
Во петокот Чавушоглу изјави дека Ердоган е подготвен да се сретне со Путин во август во Сочи (пред средбата на Г-20), потсетуваат турските медиуми.
Односите меѓу Анкара и Москва се влошија откако Турција собори руски авион Су-24 на 24 ноември 2015 година поради наводно нарушување на турскиот воздушен простор.
Во средата, рускиот претседател Путин разговараше по телефон со претседателот на Турција Ердоган. Разговорот беше спроведен откако Ердоган испрати писмо до Путин со извинување за соборениот во руски бомбардер.
По разговорот со Ердоган, Путин наложи владата да почне преговори со Турција за обновување на соработката во трговијата и други сфери.