На криминалните кланови во Германија ќе им се одземаат луксузните автомобили и накитот

Германскиот министер за правосудство Марко Бушман, од Либерално-демократската партија (FDP), има намера во борбата против криминални кланови од Блискиот исток да посегне по „неконвеционалните методи“ како што е одземењето скапоцена сопственост на осудените припадници на клановите, пренесуваат во неделата германските медиуми

„На специјалните форми на криминал можеме да регираме и со неконвенционални мерки и тоа така што на осудените припадници на клановите ќе им ги одземеме статусните симболи како што се луксузните автомобили, накити и часовници“, рече Марко Бушман во разговор за неделното издание на весникот Bild am Sonntag.

Пред утрешното претставување на планот пред претставниците на сојузните покраини во борбата против криминалните кланови вети посилна поддршка од сојузните власти.

„Се покажа дека клановите се повлекуваат доколку го зголемиме притисокот“, вели Бушман.

Коалицијата на социјалдемократите, зелените и либералите на сојузно ниво по доаѓањето на власт најави поостра борба против таканаречената клановски криминал кој според мислењето на безбедносните стручњаци со децении бил игнориран во Германија.

Така последните години по неколкуте спектакуларни грабежи, како што беше стотина килограми тешкиот златник од музејот во Берглин и големата колекција накит и скапоцени камења од кралската ризница во Дрезден, вниманите на јавноста се насочи во неколку активностите на неколку криминални кланови коишто како бази главно го користат Берлин и градовите во областа Рур.

Притоа главно станува збор за припадниците на неколку големи семејства кои како беглаци кон крајот на седумдесеттите години од минатиот век во екот на тамошната граѓанска војна доаѓале од Либан. Во последниот период, според германската полиција, забележани се и неколку големи пресметки меѓу големите семејства на новодојдените бегалци од Сирија и оние од Либан.

Во екот на засилениот притисок против клановите, локалните власти на округот на главниот град Берлин последните години конфискуваа и низа недвижнина кои биле во сопственост на припадници на клановите. Одземањето на подвижен имот и недвижнини главно е отежнато поради тоа што како сопственици се впишани членови на семејствата кои на прв поглед не се директно поврзани со криминалните дела.

Вниманието на германската јавноста неодамна го привлече случајот на еден клан кој и покрај фактот дека прима поддршка за невработени лица, поседувал недвижнина во милионска вредност. Честопати и скапоцените автомобили се пријавувани на постарите членови на семејствата кои не поседуваат возачки дозволи.