Најкритично е во Старо Нагоричане од 9-те активни пожари

Во моментов во земјава се активни девет пожари, а состојбата е најсериозна во Општината Старо Нагоричани, околу селото Дренак. Таму во моментов дејствуваат три хеликоптери од Србија, заедно со еден македонски армиски хеликоптер.

Втората посериозна ситуација е околу Пехчево, каде што утрово делувал хеликоптер на Армијата, кој што се повлече за дотур на гориво и истиот повторно ќе се врати да дејствува, да продолжи со гаснење на пожарот околу тоа село.

Други активни пожари во овој момент има во Валандово, во месноста Погана, кој исто така зафаќа поголема површина со ниско стеблесто растение. Потоа, во кумановското село Коњув, околу селото Мурашав во Кратово, пожар има и во Прилеп, поточно на Плетвар, и уште еден пожар во Делчево.

И пожарот во Кочани што гори веќе трет ден, но како што вели директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, таму е упатен голем човечки потенцијал и е под контрола.

Во однос на пожарот во Валандово, пожарот се шири во различни правци, затоа што ветрот на едно место дува во една насока, а на само 500 метри, дува во друга насока.

За гасење на пожарите на терен дејствуваат четири хеликоптери од Србија, а побарана е помош и од Словенија и Грција.