На куќниот праг го ограбиле за 2.000 евра

Две непознати лица нападнале жител на Гостивар пред неговиот дом, и му одземале сто и дваесет илјади денари, информираат од МВР.

Во вторникот попладнето 44-годишниот И.Д. пријавил дека додека се движел по улицата „Шуматовска“, непосредно пред да влезе во дворот од неговата куќа, одзад грб бил нападнат од две лица. Едното од нив, со една рака, го фатило за вратот, а со другата му ја поклопило устата. Во меѓувреме, другото лице му ги пребарало џеповите и од внатрешен џеб од јакната му одзело 120 илајди денари.

Во меѓувреме на вратата се појавила сопругата на И.Д. и повикала помош, по што двајцата разбојници побегнале.

Случајот е пријавен во полициската станица Гостивар, каде работат на расветлување на околностите и поединостите поврзани со овој настан.