На грчкиот остров Лезбос веќе нема каде да бидат погребувани мигрантите, кои се удавиле во Егејското Море додека се обидувале да стигнат до Европа, јавуваат грчки медиуми.
На гробиштата Свети Пантелејмон во Лезбос досега се погребани голем број Авганистанци, Ирачани и Сиријци, кои не успеале да стигнат живи до брегот.
Веќе нема останато место на гробиштата дури и каде е одредено да се погребуваат сиромашни покојници, вели Христос Мавридакис, шеф на едно од главните гробишта на островот.
Нешто треба да се направи. Тука има многу, премногу гробови, нагласува тој.
Грчки медиуми јавуваат дека никој веќе не може да каже каде ќе бидат погребани следните покојници.