ТАВ Македонија преку соопштение до јавноста на својот Фејсбук профил денеска информираше дека сепак македонските граѓани се уште не можат да патуваат во Германија како туристи.
-ВАЖНО!!!
КОРЕКЦИЈА!!!
Почитувани патници и следбеници,
Би сакале да ве информираме дека делот од информацијата https://www.facebook.com/189273277751475/posts/4359096950769066/ која ја објавивме во саботата, на 12-ти јуни 2021, а кој се однесува на тоа дека македонските државјани можат да патуваат во Германија од туристички причини, за жал не е на сила сè уште, иако ние како аеродром добивме информација од нашите партнери дека македонските државјани ќе можат да патуваат без приложување на есенцијална причина за патување, а истата информација стоеше и во нашите авијациски системи каде што се ажурираат најновите правила/рестрикции за патување поради Ковид-19 кои важат за различни земји.
Во меѓувреме, добивме коригирана информација, дека во Германија сè уште не може да се патува од туристички причини и истото го споделуваме со вас.
Ви се извинуваме за ненамерната грешка.
Во моментов очекуваме детални информации од надлежните институции и надлежната Амбасада и веднаш штом ги добиеме, ќе ги споделиме со вас.
Другите детали во информациjата што ја објавивме на 12-ти јуни 2021, се точни.
|