На македонско-српска граница, нападнати и ограбени мигранти

Во неделата претпладнето околу 9,30 часот во СВР Куманово, 21-годишниот Сириец  С.М, кој како илегален мигрант престојувал во земјата, пријавил дека во атар на кумановското село Ваксинце, при обид да ја преминат државната граница кон РепуСрбија, тој и неколку членови од групата со која бил, физички биле нападнати од четири лица кои им одзеле пари и мобилни телефони.

Увид на местото извршиле полициски службеници од СВР Куманово, а по насока на Јавен обвинител С.М. е пренесен во транзитен центар во селот Сопот, кумановско.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.