Најмалку 1.037 лица загинати во Мароко, целата земја е во урнатини (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Бројот на загинатите во силниот земјотрес што го погоди Мароко се искачи на 1.037 лица, соопшти денеска државната телевизија според Министерството за внатрешни работи.

Повеќе од 1.200 лица се повредени во земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала во мароканските планини Високиот Атлас во петокот доцна вечерта.

Локален официјален претставник изјави дека повеќето луѓе загинале во планинските области до кои било тешко да се дојде.

На интернет се објавени вознемирувачки снимки од последиците од природната катастрофа.

https://twitter.com/Muhamma40247642/status/1700420504857772505?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1700420504857772505%7Ctwgr%5E06388d8bf60419959633db6355f468495db8be90%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmkd.mk%2F

Голем број граѓани на Маракеш во страв ја поминаа ноќта на улиците.

Епицентарот на земјотресот бил во планината Висок Атлас, 70 километри југозападно од градот Маракеш.

Медиумите пренесуваат дека станува збор за најсилниот земјотрес што некогаш го погодил Мароко.

Се стравува дека бројот на жртвите ќе се зголеми, бидејќи третина од земјата е погодена од земјотресот.