Најмалку 10 осуденици убиени во обид за бегство на Хаити

Најмалку десет затвореници се убиени а четворица полицајци се ранети при обид за бегство од затворо Круа-де-Буке во источниот дел на галвниот град Порт-о-Пренс, објави во саботата локалниот информативен портали Haiti 24.

Осум од десетте ликвидирани затвореници се убиени на самото место. Двајца биле пренесени во болница и починале од здобиените повреди. Меѓу полицајците, двајца од нив се тешко повредени, го цитира порталот изештајот на истражната судијка.

Затворениците во обидот да избегаат од затвороти, ги запалиле и кантината и затворскиот магацин, се додава во соопштението.

Полицијата по ставањето под контрола на ситуацијата во затворот, пронашла шест парчиња огнено оружје, од кои три пиштола, две сачмарки и една автоматска пушка „М4“.