Најмалку 10 жртви по страшната експлозијата во Бејрут

Најмалку десет лица загинале во експлозијата во Бејрут што, според најновите информации, се случила во магацин за пиротехника во пристаништето во главниот град на Либан.

Локалните медиуми пренесуваат дека силниот бран на експлозијата се почувствувал и до 10 километри од епицентарот на експлозијата.

Гувернерот на Бејрут, Филип Булос, инцидентот го нарекол најголема национална катастрофа што се случила во Либан.

-Ова е национална катастрофа. Во животот не сум видел поголема катастрофа. Не знам како ќе се справиме со ова. Мора да останеме силни и храбри, рекол тој.

Либанскиот претседател Мишел Аун ги упати сите вооружени сили да се справат со последиците од експлозијата во Бејрут и да спроведат патроли во погодените области и во предградијата за да обезбедат безбедност, соопшти државната Национална новинска агенција.