Најмалку десет луѓе загинале а дванаесет се ранети во понеделникот во две одвоени експлозии на мини во централна Сирија кои зад себе ги оставиле борците на ултраекстремната исламистичка сунитска организација Исламска држава, известуваат медиумите.
Според сириската службена новинска агенција SANA, жртвите се цивили кои загинале близу областите Саламија во источната покраина Хама.
„Кога групата луѓе тргнала во потрага по тартуфи во околината на селото ал-Мустареј, експлодирала мина која зад себе ја оставиле терористите на даеш (неверничката) Исламска држава. Во експлозијата загинаа девет лица, а две се ранети“, го цитира SANA претставникот на локалните власти.
Во друга експлозија на заостаната мина загинало едно лица и десет други се ранети, додава агенцијата.
Во експлозиите на заостанати мини и други експлозивни средства само од почетокот на 2023 година загинале 42 лица, од кои 18 се деца, а уште 82 други се ранети.
Огромни количества заостанати противпешадиски мини и неексплодирани гранати има низ Сирија разорена од војната којашто започна во 2011 година која ја започнаа сунитските бунтовници поддржани и вооружени од Западот, Турција и сунитски монархии од Блискиот исток, а за соборување на владата на Башар ал-Асад војуваа и Фронтот ан-Нусра (сириското крило на Ал Каеда) и Исламската држава. Особено Исламската држава држеше големи територии од Сирија до вклучувањето на Русија по барање на владата во Дамаск во 2016 година, а џихадистите веќе следната година претрпеа пораз и во соседен Ирак во копнената офанзива на шиитските милиции од регионот со воздушна поддршка на САД.