
Земјотресот со јачина од 6,2 степени е регистриран вчера една минута пред полноќ по локално време. Се случил на длабочина од 10 километри, со епицентар во провинцијата Гансу.
Досега е потврдена смртта на 105 лица во овој регион. Најмалку 11 лица загинале во соседната провинција Кингхаи.
Оштетени се инфраструктурата и зградите, а во неколку села е прекинато снабдувањето со електрична енергија и вода. На некои места возовите не сообраќаат.
Во провинцијата Гансу се оштетени над 4.700 згради.
Кинескиот претседател Си Џинпинг нареди голема операција за пребарување и спасување со цел да им се помогне на луѓето во погодените области.
Времето во подрачјето на земјотресот е ладно, со температура од минус 14 степени Целзиусови.