Најмалку 11 мртви на пренатрупан стадион во Киншаса

Најмалку 11 луѓе загинале во саботата, меѓу кои и двајца полицајци, во метежот во текот на конгоанскиот пејач Фали Ипупе на преполниот стадион во главниот град Киншаса, соопшти во неделата министерството за внатрешни работи.

На „Стадионот на мачениците“ во главниот град повеќе од 80.000 луѓе, колку што изнесува капацитетот на стадионот. Дел од публиката се пробил и во ВИП трибините, навестуваат репортерите на Reuters од концертот.

„Полицијата забележа 11 смртни случаи, вклучително десет како резултат на задушување и нагмечување, како и седум хоспитализации“, се наведува во изјавата на министерот за внатрешни работи Даниел Асело Окита.

Полицијата пред инцидентот истрелала солзавец за да ја растера насилната толпа на улиците во близината на стадионот, каде што многумина се собрале пред концертот на големата музичка ѕвезда родена во Киншаса. Конечната бројка присутни на стадионот многу ја надминала бројката којашто државното и приватното обезбедување можеле да ја контролираат, пренесуваат медиумите.