Најмалку 113 загинати во судирите во централна Нигерија

Бројот на загинати во нападите викендов во нигериската сојузна држава Плато се искачи на 113, изјави во понеделникот локален функционер, во регион со чести судири меѓу сточарите и земјоделците.

Ова е најлошиот случај на насилство во Плато од мај годинава кога повеќе од 100 луѓе беа убиени во судирите меѓу земјоделците и сточарите.

Новинската агенција AFP во неделата пренесе соопштение од нигериската војска, во кое се вели дека 16 лица биле убиени во последните напади. Мондаи Касах, шеф на локалната власт Боккос во државата Плато, изјави во понеделникот дека 113 луѓе биле убиени во судирите во саботата и неделата.

„Нападите беа добро координирани. Бандити нападнаа повеќе од 20 различни општини. Најдовме 113 мртви тела од тие општини. Најдовме и повеќе од 300 ранети“, рекол Касах.

Касах не кажал кој е одговорен за нападите. Додал дека повредените се пренесени во болница.

Плато е една од етнички и религиозно најшаренолики нигериски федерални држави, област позната како Среден појас, каде што конфликтите меѓу зедниците однесоа стотици животи последниве години. Насилството често се опишува како етно-религиозен конфликт меѓу муслиманските сточари и претежно христијанските фармери.