Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди оддалечената планинска област на северниот раб на кинеската висорамнина Чингхаи-Тибет во понеделникот малку пред полноќ, при што загинаа најмалку 118 луѓе, а стотици беа повредени, објавија кинеските државни медиуми.
Надлежните ангажираа голем број на итните служби кои работат во отежнати услови поради температурите кои се движат под нулата. Голем дел од Кина се бори со ниските температури во студениот бран што ја зафати земјата.
Земјотресите се чести во западните провинции како што е Гансу на источната граница на висорамнината Чингхаи-Тибет, тектонски активна област.
Најсмртоносниот земјотрес во Кина во последните децении беше во 2008 година, кога земјотрес од 8 степени ја погоди провинцијата Сечуан, при што загинаа речиси 70.000 луѓе.
Во понеделникот во 23 часот и 59 минути по локално време, последниот земјотрес го погоди округот Џишишан во Гансу на длабочина од 10 километри, според Кинеската мрежа за земјотресни центри (CENC).
Според извештаите рано во вторникот во провинцијата Гансу, 105 луѓе загинале, а 397 се повредени, соопштија покраинските власти на прес-конференција. Бројот на загинати во Чингхаи се искачи на најмалку 13, а повредените на 182. Официјално 20 лица се водат како исчезнати.
Бидејќи зоната на катастрофата се наоѓа на високо подрачје со студени временски услови, спасувачките тимови работата на спречување секундарни катастрофи, пренесува Xinhua. Температурата во градот Линсија, провинцијата Гансу, во близина на местото на земјотресот, во вторникот наутро била околу минус 14 степени Целзиусови.
Оштетена е дел од водоводната, струјата, сообраќајот, комуникациската и друга инфраструктура. Десетици автопати и рурални патишта се оштетени од повеќе одрони, а се уште нема информации за евентуални жртви.
На околу 3.000 километри подалеку, вторт земјотрес во вторникот во 9 часот и 46 минути по локално време ја погоди областа Ксинџијанг, со јачина од 5,5 степени и длабочина од 10 километри, соопшти CENC.