Најмалку 12 мигранти загинаа во автобуска несреќа во Турција

Автобус кој превезувал мигранти од Авганистан, Пакистан и Бангладеш слетал од коловозот во источна Турција во неделета утрото при што загинале најмалку 12 лица а уште 26 други се повредени, соопштија локалните власти.

Несреќата се случила во покраината Ван во округот Мирадије близу турската граница со Иран, каде автобусот се запалил по пад во канал, соопштија ликални функционери.

Засега не е познат идентитетот на загинатите, додаваат властите според кои сопственикот на автобусот веднаш бил притворен.

Турција е клучната транзитна точка за мигрантите кои се обидуваат да стасаат до Европа. Мигрантите, главно од Иран, Авганистан и Пакистан, редовно ја минуваат иранската граница и пеш влегуваат во Туриција, а потоа со бродови или по копнен пат се упатуваат на запад кон метрополите Истанбул и Анкара.