Дванаесет лица, меѓу кои и деца, се убиени во саботата во ракетен напад врз фудбалско игралиште во село на заедницата Друзи воокупираната од Израел Голанска висорамнина, соопштија израелските власти, обвинувајќи ја за нападот либанското шиитско движење Хезболах.
Ракетен напад од Либан врз Мајдал Шамс, исто така, ранил 13 лица, според Маген Давид Адом, еквивалент на Црвениот крст на Израел. Претходно беше соопштено дека се ранети 34 лица. Мајдал Шамс се наоѓа на границата со северен Израел и јужен Либан и се граничи со Јордан.
„Видовме големо уништување кога стигнавме на фудбалското игралиште, местото гореше. Имаше тела што лежеа на тревата, а сцената беше ужасна“, изјави болничарот Идан Авшалом.
„Ракетата го погоди фудбалскиот терен, сите деца сами (…) има многу тела и остатоци од тела на теренот, не знаеме кои се тие“, рекол за Reuters очевидец.
Некои медиуми пишуваат дека сите жртви се на возраст од 10 до 20 години.
Израелските војска соопшти дека подготвуваат одговор на ракетниот напад, најсмртоносниот на Голанската висорамниа од почетокот на војната во Газа.
Ракетниот напад се случи откако либански безбедносен извор објави дека четворица борци биле убиени во израелски напад врз воен објект на Хезболах во Кфаркил, во јужен Либан. Оттогаш, над 30 ракети се истрелани врз Израел од Либан.
Два извори блиски до безбедносни извори во Либан тврдат дека четворицата убиени се членови на различни вооружени групации, а најмалку еден бил всушност член на Хезболах.
Хезболах, сепак, ја негира одговорноста за нападот и тврди дека нема „апсолутно никаква врска со тоа“ и дека „категорично ги отфрла лажните обвинувања“.
Хезболах и Израел разменуваат оган по нападот на Хамас на 7 октомври врз јужниот дел на Израел што ја предизвика војната во Појасот Газа.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека Хезболах ќе плати „висока цена“ по ракетниот напад.
Нетанјаху разговараше со водач на локалната заедница и посочи дека Израел „нема да дозволи овој смртоносен напад да остане без одговор“.
Белата куќа го осуди ракетниот напад на фудбалскиот терен, нарекувајќи го „ужасен“.
„Нашата поддршка за безбедноста на Израел е цврста и непоколеблива против сите терористички групи поддржани од Иран, вклучувајќи го и либанскиот Хезболах“, се вели во соопштението на портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа.
Нападот го осуди и Либан, чија влада соопшти дека „ги осудува сите напади врз цивили“ и повика на „итен прекин на непријателствата на сите фронтови“.
Израел последните години ги објави плановите значително да ги прошири доселеничките населби на Голанската висорамнина, којашто ја окупираше во ткн Шестдневна војна од 1967 година, а дотогаш беше во составот на Сирија. Во 1981 година Израел ја анектираше Голанската висорамнина и покрај противењата на Сирија и Обединетите нации кои не ја признаваат оваа анексија.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во март 2019 година го призна израелскиот суверенитет над Голанската висорамнина. Тогашните челници на Европската унија изјавија дека Брисел не ја признава оваа област за територија на Израел, како и всушност палестинската енклава Западниот брег (на реката Јордан) освоена во споменатата изралеско-арапска војна, каде што израелските влади со децени подигаат доселенички населби што редовно е проследено со протести на меѓународната заедница.
Повеќе од 50.000 луѓе живеат во моментов на Голанската висорамнина која изминатите години беше неколкупати гранатирана од џихадистичките групации како Исламска држава и Џехет ан Нусра (сириското крило на Ал Каеда) против кои се бореше владата на сирисккиот претседател Башар ал-Асад. Малку повеќе од поливината од 50.000 моментални жители на Голан се Евреи, а другата поливиана ја сочинуваат Друзите – автохтона етноконфесионална заедница, и алавитите односни припадници на огранок на шиитскиот ислам.