Најмалку 12 мртви во опсадата на хотелот во Могадишу

Најмалку дванаесет луѓе загинале во сомалиската престолнина Могадишу откако радикалните исламисти од групацијата ал-Шабаб го нападнаа хотелот во петокот вечерта, преземајќи ја контролата во опсадата којашто безбедносните сили сѐ уште се обидуваат да ја завршат, изјавил во саботата за Reuters разузнавачки офицер.

Напаѓачите во петокот ноќта влетале во хотелот „Hayat“ со два автомобили-бомби пред да отворат оган од автоматски пушки. Хотелот е популарно место меѓу пратениците и друг владини службеници, а одговорноста за нападот ја презема сомалиската исламистичка групација ал-Шабаб за која се верува дека е поврзана со Ал Каеда.

„Досега потврдивме дека загинале 12 лица, главно цивили. Операцијата е при крај, но сѐ уште трае“, изјавил за Reuters разузнавачки офицер кој се претставил само како Мохамед.

Детонациите создале огромен облак од чад над сообраќајната крстосница во петокот ноќта, а истрелите се слушаат и натаму над главниот град и рано претпладнето во саботата.

Очевидци изјавиле дека се слушале експлозии додека владините сили се обидувале да ја преземат контролата над хотелот од милитантните. Додале дека големи делови од хотелот се уништени во борбите.

Нападот во петокот е првиот поголем напад во Могадишу откако претседателот Хасан Шеик Мохамуд ја презема должноста во мај/

Исламистичката група ал-Шабаб (Движење на младите муџахедини), за која се претпоставува дека има меѓу 5 и 9.000 борци, владините сили со помош на странските сили ја потиснаа од сомалиската престолнина Могадишу во 2011 година, а следната 2012-та и од Кисмају. Сепак, припадниците на оваа групација која порано беше поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда, а последните години одржува врски со џихадистите од Исламската држава, и натаму напааѓаат владини и странски цели во Сомалија. Напади извршуваат и во соседна Кенија, како одмазда поради тоа што војската на оваа земја учествува во мировната операција на Африканската унија (AMISOM) во Сомалија so 20.000 војници на страна на владата во Могадишу.