Најмалку единаесет рудари загинале во експлозија во рудник во покраината Бојака во централниот дел на Колумбија, објави тамошното министерство за рударство.
Експлозијата во Топага, околу 220 километри североисточно од главниот град Богота, зафатила 13 рудари, објави министерството за рударство, додавајќи дека спасувачките служби се обиделе да дојдат до настраданите.
„Досега се пронајдени телата на 12 работници. За жал, тие веќе се идентификувани и знаеме дека ги загубија животите“, изјави градоначалникот на Топага, Хенри Барера, додавајќи дека уште еден рудар треба да биде лоциран.
Некои локални медиуми објавија дека во рудникот се наоѓале 14 лица, од кои 12 починале.
Според колумбиското радиот Caracol, рударите се наоѓале на длабочина од 500 метри кога се случила експлозијата, која била предизвикана од преголема концентрација на гасот метан.
„Многу сум тажен од она што се случи во Топага, тоа е најшокантната рударска трагедија што се случила во Бојака. Сакам да испратам порака до семејствата на рударите кои за жал го загубија животот и на повредените, да останат силн“, напиша гувернерот Рамиро Бараган на Twitter.
Сериозни несреќи се честа појава во колумбиските рудници, кои многупати имаат лоши безбедносни стандарди. Особено нелегалното рударство е проблем во неколку земји од Латинска Америка. Колумбиските власти овојопат не неведуваат дали рудникот во кој се случи несреќата е илегален.