![princot hajnrih germanija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/princot-hajnrih-germanija.jpg?resize=696%2C414&ssl=1)
Се претпоставува дека најмалку 120 луѓе знаеле за наводните планови на движењето Граѓани на Рајхот за насилно соборување на германската Влада, јави германската новинска агенција ДПА. Дваесет и пет осомничени беа уапсени во полициска рација ширум Германија на 7 декември поврзани со заговорот.
– За време на претресите, пронајдени се меѓу 120 и 130 изјави во кои луѓето се заколнале на тајност под закана од казна – изјави германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер на состанокот на парламентарната комисија за внатрешни работи.
На состанокот се разговарало и за тоа како да се процени колку е опасна групата, чии членови, според безбедносните служби, се вооружени и подготвени да преземат насилни дејствија.
Фесер кон крајот на минатата недела ги објави плановите да ги заостри законите за оружје и да го олесни отпуштање на владини претставници со антивладини убедувања.