![](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/10/palestina-izrael-konflikt-gaza.jpg?resize=696%2C390&ssl=1)
Најмалку 13 Палестинци, меѓу кои две деца, загинаа денеска во напади на израелската армија низ Појасот Газа, јави Ал Џезира.
Најмалку осум лица, меѓу кои две жени и две деца, беа убиени за време на израелското бомбардирање на училиштето Заинаб ал-Вазир, во кое се сместени раселените семејства во областа Џабалија, северна Газа.
Израелската војска го потврди нападот на Џабалија, тврдејќи дека во училиштето е сместен „команден и контролен центар на Хамас“.