Најмалку 130 француски платеници загинале во Украина, според руски извори

Повеќе од 300 наеимници од Франција пристигнале во Украина за да учествуваат во борбите по почетокот на руската инвазија кон крајот на февраури 2022 година, најмалку 130 од нив загинале а уште 50 во јануари сѐ уште биле на фронтот, пишува руската агенција ТАСС цитирајќи безбедносен извор во Москва.

„Од почетокот…., повеќе од 300 платеници од Франција прристигнаа во Украина за да учествуваат во борбените дејствија. Некои од нив служеле во Вториот падобранско-десантен полк на Легијата на странците од 11-та воздушно-десантна бригада на Копнените војски на Франција, кој е сместен во Калви, на островот Корзика“, го цитира агенцијата неименуваниот соговорник.

„Во текот на борбите загинаа околу 130 од нив, а до 170 ја напуштија украинската територија. Од јануари годнава, во зоната на дејствување северниот воен округ на руските вооружени сили (на украинска територија) се наоѓаат 50 борци од Франција“, вели изворот кој не пружа докази за наводите.

Според него, странските платеници, како што Москва ги именува странските борци кои војуваат на страната на Киев, се во составот на таканаречената Меѓународна легија за одбрана на Украина.

Прашањето за учеството на француските војници, активни и поранешни припадници на елитната Легија на странците беше отворена минатата седмица, кога руското Министерство за одбрана објави дека со наведуван проектил погодил објект во близина на Харков во кој биле сместени странските борци, од кои најголем број биле од Франција. Во нападот, според руските извори, загинале повеќе од 60 а ранети биле други 20 странски војници.

Поради тоа, во петокот во руското Министерство за надворешни работи бил повикан францускиот амбасадор во Москва, Пјер Леви, кој по излегувањето од институцијата не сакал да одговара на прашањата од новинарите.

Француското Министерство за надворешни работи, исто така, во петокот ги отфрли доказите за присуство на француски платеници на украинското боиште. Информацијата за загинувањето на десетици Французи во Харков, го нарече „груба манипулација“ тврдејќи дека Франција „нема свои платеници ниту во Украина, ниту на кое и да е друго место“.

Викендот британскиот весник Times објави репортажа од Украина со 50-годишен поранешен снајперист припадник на елитната француска единици Легија на странците, кој потврдува дека неогови сонародници учестиваат во борбите во редовите на украинската Легија на странците, за која се смета дека е формирана далеку пред претседателот Володомир Зеленски да го обзнани нејзиното формирање следниот ден по руската инвазија, како и дека се уверил дека борбените дејствија во Украина не можат да се споредат според интензитетот со ништо друго што го доживеал претходно.

Во петокот францускиот министер за одбрана Себастијан Лекорну во интервју за телевизијата LCI прашан за статусот на Французите кои војуваат во Украина рече дека Франција не може да им забрани на своите граѓани да војуваат во оваа земја.

„Има Французи, цивили, кои заминаа да се борат во Украина, во украинска воена униформа. Не можеме да им забраниме, ние сѐ уште сме демократија. По дефиниција, овие лица немаат врска со француските вооружени сили, не носат франциски воени униформи и не се поврзани со француските воени институции“, уверува министерот Лекорну.

Наемништвото во Франција, според сегашното законодавство, е кривично дело за кое е одредена казна до пет години затвор и парична голоба до 75.000 евра. Исто така, кривично се гонат нејзини државјани кои војувале на Блискиот исток.

Во продолжение Лекорну рече дека извештаите за присуство на француски платеници во Украина е дел од „руската информациска војна“, којашто наводно се интензивирала откако претседателот Емануел Макрон највил испорако на дополнителни 40 ракети „Scalp“ на Киев. Според министерот, таквите изјави имаат цел да ја поддржат реториката за француското учество во војната во Уkраина.