Најмалку 15 лица загинаа во рускиот ракетен напад врз зграда во Доњецк

Бројот на загинатите во нападот со руски ракети „Ураган“ врз станбена зграда во украинската област Доњецк денеска се искачи на 15, соопштија украинските служби за итни случаи.

Тие велат дека се стравува дека повеќе од 20 луѓе се затрупани под урнатините откако минатата ноќ ракети погодиле петкатница во градот Часив Јар, кој има околу 12.000 жители, што предизвикало уривање на зградата.

Гувернерот на Доњецката област Павло Кириленко изјави дека ракетите „Ураган“ биле истрелани од камион за лансирање ракети, пренесува АП.