Најмалку 15 убиени во напад на католичка црква во Буркина Фасо

Најмалку 15 лица загинаа а две се повредени во напад на католичка црква во неделата во североисточниот дел на Буркина Фасо, јавуваaт новинските агенции BBC.

Нападот се случил во текот на неделната црковна служба во селото Есакане во провинцијата Удалан, во близина на границата со Мали. Црковен претставник посочил дека напаѓачите се исламистички милитанти.

Властите во главниот град на оваа западноафриканска земја Уагадугу не одговриле веднаш на барањето за коментар..

Во изјавата на викарот на локалната епархија Жан-Пјер Савадого се наведува дека 12 лица загинале на лице место, додека тројца починале во болница.

Ова е најновото злосторство во земјата кое им се припишува на исламистичките милитанти. Во последните три години мета беа црквите, а десетици верници беа убиени. Околу 20.000 луѓе во Буркина Фасо се убиени во овие насилства, додека над два милиона се раселени.

Повеќе од една третина од Буркина Фасо моментално е под контрола на исламистичките бунтовници. Властите се борат со исламистичките групи поврзани со Ал Каеда и Исламската држава, кои зазедоа големи делови од земјата и раселика милиони луѓе во регионот Сахел.

Џихадистичкиот бунт се прелеа во Буркина Фасо и Нигер од 2015 година. Кога капетанот Ибрахим Траоре ја презеде власта во 2022 година, тоа беше втор државен удар во земјата за помалку од една година – и двата предизвикани делумно од незадоволството од неуспесите на владата да го задуши исламистичкото насилство.