Најмалку 16 ученици загинаа во сообраќајна несреќа меѓу минибус и камион на автопат на околу 300 километри од Дурбан, Јужноафриканска Република, соопштија властите.
Министерството за транспорт на провинцијата Квазулу-Натал соопшти за 16 загинати, додека локалните медиуми јавуваат за најмалку 19 жртви – деца на возраст меѓу пет и 12 години и тројца возрасни.
„Смртта на децата е голема трагедија“, рече провинцискиот министер за транспорт Сипо Хломука.
Несреќата се случила во регионот Понгола, во близина на границата со Есватини.
Јужноафриканската Република има една од најдобрите патни мрежи на африканскиот континент, но безбедноста на патиштата е проблем поради опасното возење